Loading Video...
Фудбал
1. August 2022 - 12:12
Меси, Нејмар и Рамос му го донесоа Суперкупот на ПСЖ
По Ливерпул и Баерн Минхен, и екипата на Парис Сен Жермен со трофеј ја отвара новата сезона. Популарните „светци“ го освоија Суперкупот на Франција.
На натпреварот одигран во Тел Авив, актуелниот француски шампион со го совладаа составот Нант со убедливи 4-0.
Лионел Меси во 22.минута ја отвори серијата, а во финишот на првиот дел Нејмар на ефектен начин зголеми на 2-0.
Во вториот дел Рамос со пета постигна гол во 57-минута, а Нејмај повторно на „луциден“ начин од пенал во 82-минута ги постави конечните 4-0.
За ПСЖ ова е 11 трофеј во Суперкупот на Франција.
Сезоната во Лига 1 стартува во петок, а ПСЖ одбраната на титулата ќе за започне во сабота, со гостувањето кај Клермон.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->