Меси: Нема подобро место да му честитам роденден на Марадона

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси му се заблагодари на Диего Марадона по добивањето на Златната топка.
– Денес би сакал да го спомнам Диего. Нема подобро место да му честитате роденден. Има толку многу луѓе овде кои го сакаат фудбалот како што тој сакаше. Каде и да си Диего, среќен роденден. Оваа награда важи и за тебе, изјави Меси.
Триесет и шестгодишниот Аргентинец ги победи Ерлин Халанд (Манчестер сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ), кои го освоија второто, односно третото место.
Минатата година Меси го освои Светското првенство во 2022 година, кое се одржа во Катар. Во финалето, селекцијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, пенали 4:2). Меси беше прогласен за најдобар играч на финалето и на целиот турнир. На 7 натпревари на Светското првенство постигна седум гола и три асистенции.
За Меси оваа Златна топка беше осма во кариерата. Тој претходно беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.
Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
-

Сончево со мала локална облачност и студено утро
