Меси по прогласувањето за најдобар играч: Заслугата е на цел тим за тоа што го направивме во Катар
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ја коментираше наградата за најдобар играч на годината во изборот на ФИФА.
- Да се биде на овој настан и да се добие награда е чест за мене. Сакам да ги пофалам Бензема и Мбапе за прекрасната година. Благодарен сум на моите партнери. Скалони и Емилијано се исто така овде денес и го претставуваме целиот тим. Оваа награда оди за целиот тим за она што го направивме во Катар. Беше луда година, успеав да си го исполнам сонот после толку години борба за него, толку години стремеж кон него. Секој фудбалер сонува за ова, но ретко кој успева да го постигне тоа. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на сите Аргентинци за начинот на кој го поминаа тој посебен месец, кој засекогаш ќе остане во нашето сеќавање. Испраќам бакнеж до моите деца кои сега ја гледаат оваа церемонија. Време е за спиење, изјави Меси.
На листата на топ 3 номинирани за оваа награда беа и Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција) и Карим Бензема (Реал Мадрид, Франција).
Триесет и петгодишниот Меси и помогна на Аргентина да ги освои златните медали на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар. На седум натпревари на светското првенство напаѓачот постигна седум гола и три асистенции.
Свеченото доделување на наградите „The Best“ од ФИФА се одржа ноќеска во Париз.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
