Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата.
-Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност, а ќе предизвика последици во работењето и тековните трошења од страна на Владата. Но за нив имам лоша вест. Буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави Мицкоски, на новинарско прашање по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026. Мицкоси повтори дека постапката за ребаланс на Буџетот ќе биде во текот на месецов.
Одлучивме, појасни, мерката за горивата, односно за безоловниот бензин да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи, бидејќи цената на дизелот и на безоловниот бензин во втората половина на мај на светските берзи се движеше меѓу илјада и илјада двесте долари за барел.
-Така што, денес имаме два денара по литар намалена акциза и за дизелот и за бензините и истовремено имаме одобрен дополнителен попуст од страна на ОКТА за нејзините коминтенти од два денара по литар за безоловно гориво. Денеска одлуката на Регулаторната комисија беше дека имаме големо поевтинување на дизел горивото за шест и пол денари по литар и половина денар поскапување за безоловните горива. Кога на тоа ќе се додадат овие два денара по литар попуст од страна на ОКТА тогаш добиваме реално и де факто намалување и на безоловниот бензин од 1,5 денари по литар и покрај тоа што данокот на додадена вредност има ставка од 18 проценти. Со ова остануваме убедливо земја со најевтина цена на горивата, рече Мицкоски.
Тој соопшти дека потрошувачката на нашите бензински станици од граѓаните од соседите земји е зголемена за 15 до 25 проценти, за разлика од претходниот период кога во одредени денови беше и до 50 проценти.
Потенцираше и дека ќе има и други мерки, зависно од состојбата со кризата. - Ја следиме внимателно кризата. Не брзаме, па во зависност од интензитетот на кризата, така и ние ќе постапиме, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
-

„Њујорк тајмс“: Американската војска тајно протнува десетици бродови низ Ормуз
-

Нов бран мигранти јужно од грчките острови Крит и Гавдос
-

35 годишен кумановец киднапирал познаник, го терал орално да го задоволува и да користи дрога
-

Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026
-

УЈП: Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025
-

Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
