Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти.
Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголемите дел се медицински досиеја на пациенти од Клиниката за Онкологија кои биле лекувани и се дадени на вештачење во странство - во Словенија и Србија.
Прашан дали е сигурен дека тоа што селектирал за вештачење било со целокупната медицинска документација за тие лица, вештакот рече да, но, посочи дека „тоа што е спакувано и како не знам“, зошто, како што рече, пакувањето не го правел.
Прашан дали во документацијата дадена за вештачење имало и пациенти на други доктори, вештакот рече да, за документацијата што тој ја имал.
Судот го задолжи вештакот во рок од 15 дена да достави писмено известување во врска со прашањето дали постои техничка грешка во изготвените извештаи која се однесува на имиња на доктори или терапија кои се внесени во налогот и заклучокот од извештаите кои се презентирани.
Претходно денеска вештакот одговараше на вкрстени прашања од одбраната на обвинетата Симонида Црвенковска, кои се однесуваа на препораките од Администрација за храна и лекови на САД (ФДА, Американско здружение за клиничка онкологија (АСЦО) и Европско здружение за медицинска онкологија (ЕСМО) за лекарства и методи за лечење применувани од обвинетите.
- Препораките се жива и променлива категорија и се темелат на резултати од клинички студии, но и од стекнатите искуства на онкологот – посочи вештото лице.
Според вештото лице, препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот. Адвокатот посочи дека обвинетата не е опфатена од тој дел на извештајот, што вештакот го потврди. Вештакот не можеше да потврди дали лекот ерлотиниб што бил даван бил донација или остаток од други пациенти.
Вештакот, исто така, одговори дека предмет на медицинското вештачење била оправданиста на даваните лекарства, а изворот на лекарствата не бил предмет.
Следното рочиште е на 15 јуни за кога, како што е најавено Обвинителство треба да се обиде да обезбеди дел од неиспитаните предложени сведоци, кои досега не можело да се обезбедат. Судот информираше дека сосега се испитани сите законски застапници и оштетени за кои судот располага со лични документи за нивно повикување. Потоа следува сослушување на технички советник на одбраната.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози - Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.
Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
