Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
Сегашен македонски идентитет и сегашен македонски јазик. Бугарските европратеници подготвуваат амандман за Извештајот за напредокот на Македонија, кој треба да се гласа на четврти јуни. Во овој извештај за првпат се употребуваат термините посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик. Европратениците во амандманот, бараат на оваа формулација да се додаде придавката „сегашен“. Премирот Мицкоски вели од овој потег од нашиот сосед не е изненаден, но истиот за него е неприфатлив.
„За нас тоа не е изненадување, бидејќи ние од самиот почеток на оваа авантура на прифаќање на претходната влада, Бујар Осман и Димитар Ковачевски, ние зборувавме за ова, дека зад сето тоа се крие токму ова, создавање на една вештачка нација, сегашна македонска нација“, изјави премиерот.
Мицкоски дополнува дека ова е шанса за Европа да ја исправи како што рече, историската неправда нанесена на нашата држава.
„Јас сега чекам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса, сега нема едногласност, Европа има шанса да исправи историска неправда нанесена со прифаќањето на Бујар Османи и Димитар Ковачевски на тоа што им беше ставено на маса. Официјална Софија никогаш не се препакувала и останала да биде слеп заложник на политиките на „Живковизмот“, создавање на нова македонска нација која што почива на основите на бугарската нација“, додаде премиерот Мицкоски.
За разлика од Македнија каде не беше постигнат консензус за Францускиот предлог, во Бугарија интензивно сите партии работат за заштита на националните интереси и тоа пред да се гласа Извештајот за наредокот на нашата држава. Во петокот во Народното собрание беше усвоена резолуција со која се потврдуваат ставовите за внесување на Бугарите во македонскиот устав, како услов за да ги почнеме преговорите со ЕУ.
По резолуцијата, седеа низа реакции. Шефот на бугарската дипломатија Геог Георгиев, го повтори ставот дека не постои план Б за влез на Македонија во ЕУ, без вклучување на Бугарите во македонскиот устав.
Европратеникот Андреј Ковачев пак за БНТ кажа дека дека македонската влада трошела многу време и пари на лобирање.
„Европскиот парламент или кој било друг парламент во светот не е научна институција која ќе дава оценки“.
Неговата критика за македонската влада дека трошела многу време на лобирање, доаѓа во моменот кога по изгласувањето на резолуцијата, Борисов откри дека за почитување на Договорот за добрососедство разговарал со Кошта, и други колеги од Европската народна партија.
Известувачот за Македонија, Томас Вајц очекува мнозинство за овој Извештај. Дополни дека нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Откри и дека бил обвинет за пристрасност, а овие напади целосно ги демантираше.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар