Мицкоски: Целокупната тендерска документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста
Ги повикувам надлежните во Обвинителство и судството и министерот за внатрешни работи да ги повика невладините и да ги стави на јавен увид тендерските документации, но и од минатото, па да се види како се купувале униформи, обувки и други вид опрема за полицијата и ве повикувам вас медиумите будно да ја следите оваа операција. Ниту еден од нас да нема никаков сомнеж, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за сомнеж за корупција за набавка на униформи за полицијата од фирми кои наводно немале доболен капацитет за тоа.
Според него, станува збор за рамковна спогодба од отворен карактер и секој што бил заинтересеин можел да се вклучи и јави на овој повик.
-Рамковнa значи дека ако се нарачаат ќе треба да се платат. Јас не знам дали имат или немаат капацитет фирмите. Да видиме, дoколку немаат ќе биде раскинат, ако не ќе продоложи договорот. Сепак станува збор за униформи за припадници на MВР, ако ги користат, појасни премиерот на денешната прес-конференција во Владата.
Тој уште еднаш повтори дека ништо не се крие од јавноста за овој тендер и дека јавната набавка била отворена без лимитирачки услови како во минатото. Секој можел да се јави, а зошто не била одбрана одредена фирма рече дека не знае и за тоа одговор треба да даде МВР.
Посочи дека нема што да се крие и повтори дека целокупната тендерска ќе биде ставена на увид и ја повика јавноста да направи увид.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка