Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојуваше во Делчево, каде изврши увид во градежните активности во ЈЗУ Здравен дом „Гоце Делчев“, како и во почетокот на реконструкцијата на градската спортска сала, која се наоѓа во рамките на Спортско-рекреативниот центар.
За време на посетата, премиерот разговараше со локалното раководство за актуелните и идните проекти, при што беше направен и преглед на досега реализираните активности.

Тој ја истакна посветеноста и ангажманот на градоначалникот на Делчево, нагласувајќи дека резултатите од работата на локалната самоуправа се видливи, а заложбите за реализација на нови проекти и подобрување на условите за живот заслужуваат поддршка и признание.
Притоа, упати благодарност и до општинските советници, администрацијата и сите останати кои учествуваат во реализацијата на проектите.

Премиерот посочи дека Владата, во рамките на своите можности, продолжува да работи на реализација на нови инвестиции, решавање на проблемите на граѓаните и создавање подобри услови за живот.
„Свесни сме дека пред нас има уште многу работа, но остануваме посветени на остварување конкретни резултати. Нашата цел е Македонија да биде подобро, поубаво и попристојно место за живеење“, порача премиерот.
Тој нагласи дека владината поддршка не е насочена само кон Делчево, туку и кон целиот Пијанечко-Малешевски регион и општините кои гравитираат кон него, најавувајќи продолжување на соработката и поддршката за реализација на нови проекти.
Ново на Сител
-

МВР: Апел до родителите и јавноста - препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
-

Десет години по Брегзит, ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги подобрат односите
-

Мерц: Војната во Украина може да заврши само со дипломатско решение, Европа мора да учествува во преговорите
-

САД потрошиле 48,3 милијарди долари за војната во Иран, не се пресметани штетите врз базите
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани
-

Николоски во работна посета на Валандово
-

Претпладне дожд, попладне разведрување
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
