Македонија
21. November 2026 - 11:13

МВР: Приведени две лица во Струга, едниот управувал возило со претходно изречена забрана, додека кај сопатникот пронајдена е дрога

На 20.11.2026 во 20:20 часот на магистрален пат Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода М.Ј.(22) од с.Песочани, охридско и Д.Ѓ.(37) од Охрид.

При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое М.Ј. го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, иако имал изречено активна забрана за управување на возило, додека при извршен преглед над нив, кај Д.Ѓ., сопатник во возилото, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави, соопштува МВР.

Ново на Сител