Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани да размислат дали ќе паднеме во замката која ја сервира ДУИ или ќе зборуваме за нови проекти
На локалните избори очекувам кампања што ќе се однесува на проекти, но очигледно дека има политичка партија, пред се мислам на Демократската унија за интеграција која наместо да зборува за проекти и за иднина, нè враќа 20-25-30 години назад и наметнува такви теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан каква кампања очекува на претстојните локални избори.
Тој ја критикуваше ДУИ затоа што, рече, „под превезот на лажен патриотизам, тие ќе сакаат да создадат знак на равенство помеѓу нив и понудата на коалицијата Вреди и да ги обесхрабрат гласачите кои не се Албанци да излезат да гласаат, да си речат – па сите се исти, зошто да гласаме за нив. Не, тоа е грешката, тоа е замката којашто тие ја подготвуваат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на настан во Петровец.
- Заедно со одредени структури во опозицијата и ним блиски портали и медиуми се обидува да наметне атмосфера во општеството, а тоа посебно се однесува кон гласачите кои не се Албанци, Македонците и останатите, кога ќе излегуваат на избори да внимаваат за кого гласаат бидејќи, наметнувајќи теми од пред 20-25 години, сакаат да стават знак на равенство помеѓу Демократската унија за интеграција и, да речеме, коалицијата Вреди. И овие кога ќе излезат да гласаат, да гласаат практично со апстиненција или воопшто да не гласаат бидејќи, ставајќи знак на равенство, тие ќе речат: Па, видете, и овие се криминогени како што ние бевме 22 години, и овие се не помали националисти како ние што сме, така што подобро да не гласате ниту за нив, еве за нас секако нема да гласате. Мислејќи дека на тој начин ќе заборавиме на трговските центри, ќе заборавиме на фудбалчињата во канцеларија, ќе заборавиме на инстант фирмите за увоз на јаглен, ќе заборавиме на сета онаа пљачка која се случуваше изминатите повеќе од две децении, рече Мицкоски.
Тоа е затоа што, додаде премиерот, „ако граѓаните излезат и не гласаат за коалицијата Вреди, тогаш овие од ДУИ мислат дека ќе бидат апсолутни победници и тогаш ќе се обидат и ќе испровоцираат предвремени парламентарни избори“.
- Тоа така не оди и тоа така нема да оди. Тие повторно ги навредуваат граѓаните и играат на картата на кратко помнење. Затоа ги повикувам сите граѓани, од сите етникуми, на овие избори да избираат помеѓу концептот кој повеќе од 20 години ја опустошуваше Македонија. Нема никаква врска со права, нема никаква врска со рамковни договори, ова се локални избори. И оние коишто сакаат заеднички да градиме иднина, тоа е концептот. Ги повикувам сите граѓани, буквално сите граѓани, да размислат, дали ќе паднеме во замката која ја сервира ДУИ преку одредени опозициски медиуми и портали да создадат една ваква параноична ситуација и да коментираме теми од пред 20, 25, 30 години, или да зборуваме за нови сали, нови автопатишта, за нови градинки, училишта, нови инвестиции итн., истакна Мицкоски.
Како што рече - тоа е изборот на овие избори. Посочи и да се видат кои кандидати за градоначалници ги нуди Демократската унија за интеграција.
- Тоа се луѓе кои покрај теми од 20-25 години не можат ништо ново да понудат. И тие се единствено виновни што повеќе од 150 000 Албанци во изминатите 20-25 години ја напуштија Македонија. Ако некој има каква било дилема, тогаш се лаже, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежни активности за училишна спортска сала во Општина Петровец.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите