Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед посакувајќи празничните денови да донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет.
Мицкоски посочува на вредостите на кои потсетува Курбан Бајрам - солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните и порачува во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување.
- Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина. Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет. Честит Курбан Бајрам! - наведува Мицкоски во честитката.
МИА
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
