Македонија
25. September 2025 - 8:35

Мицкоски и Љутков ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар Антон Панов“ во општина Струмица.

Министерот Љутков, кој е во работна посета на Струмица, ќе ја посети и црквата Св. Кирил и Методиј“ и ќе се обрати на отворањето на реконструираната Спомен-куќа на народниот херој Благој Јанков-Мучето.

 

МИА