Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации

Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата. Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата. Би ги замолил граѓаните, сите пораки што доаѓаат од опозицијата да ги прифатат со резерва зашто целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да испрати решение, туку целта и е, со лаги и шпекулации да привлече внимание, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.
Одговорајќи на новинарско прашање за тоа како се одвива спроведувањето на реформската агенда и каков е неговиот став во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за нејзино неспроведување, Мицкоски нагласи дека Владата ќе испорача се што вети, освен два чекора - барањето да не обезбедува 100 отсто електрична енергија од снабдувачот и Изборниот законик.
- Опозицијата не се бори на следните избори да победи, туку се бори ова раководство да остане во опозиција. Во оваа насока е и шпекулацијата поврзана со застој во реализацијата на реформската агенда. Вчера имавме состанок, долг состанок со ресорните министри кои треба до крајот на јуни да ги доиспорачаат веќе почнатите чекори. Сите десет што се заостанати, со исклучок на два, нема да бидат испорачани. Првиот е оној во кој се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25 до 30 па и повеќе проценти поскапи. И тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и се додека е таа одлуката, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони кои се во групата во која е потребен консензус во рамки на Собранието. Се останато ќе биде завршено и се останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на дневните прес-конференции, потенцира Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
