Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење

Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност - нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонија по повод одбележување 34 години постоење на Царинската управа.
-Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа - институција што има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот. Овој јубилеј е можност да се осврнеме на постигнатото, но, уште повеќе да ги истакнеме резултатите што ги имаме денес. Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност, подвлече премиерот.
Тој додаде дека особено значаен е фактот што за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа е резултат кој не доаѓа случајно, подвлече премиерот, туку, како што рече, е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација.
-Овие резултати се дел од пошироките напори на Владата, која веќе 20 месеци работи на воспоставување ред во институциите, на намалување на сивата економија и на зголемување на ефикасноста во наплатата на приходите. Кога ја презедовме одговорноста, не наследивме систем што функционира беспрекорно. Напротив - затекнавме состојба на хаос, нарушени процеси и сериозно ослабена институционална поставеност. Систем што со години бил запоставуван и руиниран, изјави премиерот.
Мицкоски рече дека денес со право може да се каже дека таа фаза е надмината.
-Нормализацијата е завршена. Поставен е ред, воспоставени се правила и институцијата повторно функционира како што треба - во служба на државата и граѓаните. Со конкретни мерки, со дигитализација на процесите и со јасна определба за борба против корупцијата, создадовме систем што дава резултати. Царинската управа е еден од највидливите примери за тоа, нагласи Мицкоски.
Тој му се заблагодари на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за, како што истакна, неговото раководење, посветеност и резултатите што ги постигнува институцијата под негово водство.
-Истовремено, важно е да се истакне и одличната координација и заедничка работа со министерката за финансии, Гордана Кочоска-Димитриеска. Тоа партнерство, таа синергија, е еден од клучните фактори за постигнатите резултати. Кога институциите работат како тим, кога има заедничка визија и јасна цел - резултатите не изостануваат, подвлече премиерот.
Мицкоски истакна дека целта е да се продолжи во оваа насока - со дополнително унапредување на капацитетите, со модернизација на системите и со создавање услови за побрза и поефикасна услуга за стопанството, но и со цврст пристап кон спречување на нелегалните активности.
-Зад овие резултати стои трудот на сите вработени во Царинската управа. Вашата работа е значајна и видлива, а придонесот што го давате е од суштинско значење за функционирањето на државата. Ви благодарам за вашата посветеност и професионалност. Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следи. Честит 34. јубилеј на Царинската управа, порача премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
