-->
-->
Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
-->

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин, учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.

- На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД. Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници - напиша претседателот на Владата на Фејсбук.

МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
