Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
Нов повик на премиерот Мицкоски обвинителството и судството да го расчистат случајот со следење на комуникациите на повеќе лица од страна на АНБ во време на владата на СДСМ од 2019 до 2024 година. За Мицкоски е очекувано тоа што опозциската СДСМ била вознемирена бидејќи се досега тајните служби биле злоупотребени од оваа партија.
- Традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш за секогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.
Од СДСМ пак, се уште се сомневаат во мотивите на власта за објавувањето на информациите од АНБ. Велат дека се работи за предизборна манипулација. Бараат директна декласификација на докумнетите од АНБ.
- За декласификација не е потребна судска одлука или насока, како што излажаа од АНБ. Законот за класифицирани информации вели дека „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Или попрецизно член Член 14. Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка. Втор чекор кон вистината е итно свикување на Комисијата за надзор над работата на АНБ. Пратениците кои сме членови на Комисијата мора да спроведеме надзор во работата на АНБ и да извршиме увид во документацијата која ќе биде декласифицирана, за да може потоа да ја известиме јавноста за наодите и сознанијата од надзорот.
Итен собраниски надзор вчера побараа и од владејчката ВМРО-ДПМНЕ, но претседателот на оваа собраниско тело Скендер Реџепи Зејд одби да го стори тоа бидејќи тој лично немал безбендосен сертификат.
Според информациите на Сител, собранискиот спикер Гаши ќе го искористи правото тој да ја свика Комисијата за надзор на АНБ и нејзе ќе ја предводи токму опозционерката Петровска.
Досега сомнеж дека биле цел на обработка на службите покрај премиерот Мицкоски, изразија и вицепремиер Николоски, пратеникот Ковачки, поранешната обвинителка Рускоска, но и координаторот на СДСМ Оливер Спасовски кој во тоа време беше министер за внатрешни рбаоти.
И додека власта и опозицијата се препукуваат за нојновата афера на безбедносните служби, паралелно тече и предкампањата за локалните избори. Откако коалицискиот партнер Касами повика да се гласа за независен кандидат во Брвеница, наместо за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ само затоа што е Албанец, Мицкоски остро му возврати дека етничките теми и поделби нема да донесат ништо добро и касами да се сконцентрира на проектите во Тетово.
ВМРО-ДПМНЕ вчера објави 16 нови имиња за градоначалници за кои Мицкоски денеска рече дека се одлични каднидати и дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќеима историска победа.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар