Македонија
14. August 2026 - 12:11
Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
И ова лето странските туристи од Турција, Србија, Полска и Германија најбројни на охридската ривиера но не изостануваат ни домашните и тоа претежно оние кои што си имаат свои викенд станови. Градоначалникот Пецаков кој сезоната ја оценува како добра вели евидентна е оваа година застапеноста на туристи којшто ретко доаѓале во Охрид.
Бројните културни, спортски и забавни настани, манифестации и фестивали во главниот туристички центар придонесуваат не толку за квантитетот на туристи, колку што се добива на квалитет смета градоначалникот Кирил Пецаков.
Според податоците на државниот завод за статистика во јуни 2026 година, од вкупниот број туристи, 22.8 % се домашни, а 77.2 % се странски туристи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
