Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар - Букојчани.
-Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното - интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб, рече Мицкоски.
Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу скоро ќе може да биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина пд следната година.
На автопатот Гостивар - Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“ се работи на 11 километри од предвидените 31.
МИА
Ново на Сител
-

Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
-

Работните групи го кројат новиот изборен законик без СДСМ
-

Нови партиски обвинувања за бугарофилството
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
