Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година - најави премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.
Одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на изградбата на автопатите и патната инфраструктура во западниот дел од државата, Мицкоски посочи дека делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани напредуваат согласно предвидената динамика.
Тој информираше дека е започната и изградбата на делницата Букојчани–Кичево, која треба да ги поврзе новите автопатски делници со автопатот Кичево–Охрид, со што ќе се заокружи патното поврзување од Тетово до Охрид.
Во однос на продолжувањето на автопатот кон граничниот премин Ќафасан, Мицкоски посочи дека кај местото Требеништа е оставена клучка за продолжување на трасата, но дека за овој дел ќе треба да се разгледа алтернативно техничко решение.
Причината, како што објасни премиерот, е тоа што станува збор за подрачје кое е предмет на УНЕСКО, а согласно последниот извештај ќе треба да се бара решение што ќе ги земе предвид овие ограничувања.
Мицкоски најави дека автопатот Кичево–Охрид треба да биде пуштен во употреба до крајот на квартал во втората квартал од следната година, додека целокупниот патен правец од Тетово до Охрид треба да биде завршен до 2029 година.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдено тело на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница во Подгорица
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
