Македонија
3. July 2022 - 17:17

Мицкоски: Ковачевски да го одбие предлогот, а јас ќе се повлечам од барањето за избори

Тет-а-тет средбата заврши без резултат, Мицкоски го одби францускиот предлог и достави две барања до премиерот.

Вториот услов е да се избришат 4 точки од француските документи кои го содржат делот дека Македонија доколку не го промени Уставот нема да почне преговори, членот кој се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу двете земји.

Не е потребна нова неизвесност, време е за мудри и државнички одлуки порача премиерот, кој јасно вели ќе продолжи со процесот. За барањата на Мицкоски рече ќе бидат разгледани по завршување на сите консултации.

За предлогот на претседателот Пендаровски да се направи дополнување на предлогот со изјава во која Македонија нема да прифати идни идентитетски оспорувања, премиерот рече дека е конструктивен и дека го поддржува. Консултативните средби продоолжуваат повторно со коалиционите партнери кои не се изјасниле се уште, со лидерите на останатите опозициски партии по што владата ќе усвои одлука која потоа ќе ја достави до Собранието.