Mицкоски: Лошите политики на владата доведоа до празни рафтови за леб
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Гази Баба кажа дека граѓаните треба лебот да го добијат по најниска цена којашто треба да ја има.
- За жал егзибиционистичките и лошите политики на оваа влада, големата инфлација, рекордна во Европа, Македонија има двојно повисока инфлација споредено со ЕУ, доведе до тоа да покрај тоа што пред неколку месеци имаше редици за нафта и бензин, денеска да имаме празни рафтови за леб, кажа Мицкоски.
Тој потенцираше дека ваквите политики на власта не доведоа до тоа како во годините од поранешната држава кога за жал основните артикли граѓаните не може да ги имаат на располагање.
- Затоа често пати споменуваме дека оваа влада треба да замине. Колку подолго седи таму, толку повеќе системот и институциите се нефункционални и толку побргу Македонија назадува, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
