Македонија
11. September 2026 - 16:31

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар

Владата се уште преговара со приватни сопственици на земјиштетото околу салата Борис Трајковски каде треба да биде изграден новиот клинички центар.  Премиерот Мицкоски вели дека набрзо ќе имаат решение на маса по што ќе бидат познати и деталите кога ќе бидат удрени темелите и како ќе функционира комплексот. Засега не се знае дали ќе биде поврзан со градаката болница 8-ми септември или ќе функционира како посебен објект. 

– Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука. Дали ГОБ „8 Септмеври“ ќе биде ваква или таква здравствена установа, дали ќе се поврзе или не, а тука е и ПЕТ-центарот, многу бргу од денеска ќе излеземе со детална информација, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.  

И додека се чека на почетокот на изградба на нов клинички центар за кој има само најави изминатите две децении, денеска беше пуштена во употреба реконструираната зграда на неврофизиологија која е дел од клиниката за неврологија. А освен подобрени просторни услови за медицинскиот персонал и пациентите, зголемен е и бројот на нови вработувања.

- Од слепо црево на Клиничкиот центар, овој објект стана функционална зграда. Целосно е обновен внатрешниот дел на Клиниката, а во следната фаза ќе се реконструираат и кровот и фасадата. Од запуштен објект добиваме функционална средина, изјави д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за неврологија.

Во агендата на Владата, како што кажа премиерот Мицкоски, приоритет е и реализација на проектите за нови болници во Штип, Тетово и Кичево за што преговараат со странски финансиски институции.