Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма - Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации.
На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.
Министерот за спорт Борко Ристовски додаде дека Игрите не се само натпревар, туку и можност секое дете да почувствува што значи да биде дел од тим.
- Спортот не е привилегија, спортот е право на секое дете - рече тој нагласувајќи дека државата вложува во младите, инфраструктурата и локалните институции за да гради здрави генерации.
Свечениот почеток беше означен со палење на пламенот на плоштадот.
МИА
Ново на Сител
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
