Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел.
На Самитот на лидери кои се дел од семејството на ЕПП се дискутирале клучни прашања за иднината на Европа.
-Денес имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој Самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, објави Мицкоски на својот фејсбук профил.
Мицкоски со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ вчера присуствуваше на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП.
Претходно се сретна со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ.
Како што најави ВМРО-ДПМНЕ, посетата на Мицкоски на Брисел ќе биде искористена за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
