Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека блокадата на носењето закони со Бадентер во Собранието од страна на ДУИ не може да предизвика предвремени парламентарни избори. Мицкоски рече дека не гледа криза и дека власта има стабилно мнозинство.
-Не. Не гледам криза. Ние имаме стабилно мнозинство. Не мислам дека тоа претставува каква било криза - рече Мицкоски. Ќе ве потсетам, додаде тој, „дека на скали избраа претседател на Собранието“.
Со процедурални забелешки ДУИ го блокира носењето закони во Собранието пред одморите. Иако заврши расправата за некои закони за кои беше потребен Бадентер, односно гласање на пратениците од немнозинските заедници, како за Законот за правичната застапеност, на пример, за нив не се гласаше.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
