Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за дневникот на МРТ, задоволен е како досега функционира Владата имајќи предвид, рече, што наследивме и со какви предизвици се соочивме.
- Секогаш може да биде подобро. Се трудам и јас со својата работа да ги инспирирам колегите во Владата и ќе продолжам во таа насока. Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било инртервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука. Мислам дека тогаш многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата, изјави Мицскоски.
Она што е сигурно, потенцира тој, е дека од 1 јануари 2026 година ќе има една голема и посеопфатна структурална промена во рамки на структурата на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи полека но сигурно потребно е дел од генерациите да се менуваат.
- Доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот на партијата после следниот конгрес, тоа е мојот последен мандат како претседател на ВМРО–ДПМНЕ и веќе следниот што ќе се случи после овој кон крајот на годината, ВМРО–ДПМНЕ ќе има нов претседател, рече Мицскоски.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна