Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда.
Мицкоски по поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот состанок во Парламентот околу можноста да се донесе избрниот законик и да се приближат ставовите на политичките партии нагласи дека по состанокот се помалку е оптимист за ова прашање.
-Очигледно е дека кај тие политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и тие се обидуваат да го бојкотираат процесот за да не испорачаме десет од десет индикатори од Реформската агенда. Во ред девет од десет ќе има, а единствениот преостанат е Изборниот законик. Ние не сакаме тој да се носи со европско знаменце, ниту целиот процес да биде некако изнасилен. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе кои се грижат за иднината на земјата, но очигледно е дека партиските интереси, партиското политичко мочуриште, финансиските интереси и некои други интереси се пред и над се ние тука не можеме да помогнеме, но по вчерашниот состанок се помалку сум оптимист - изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека и вчера како политичка партија јасно го изнеле ставот оти гласањето на дијаспората е нешто што за нив претставува стратешка цел.
Од друга страна, додаде премиерот, дел од политичките партии излегле со сосема радикализирани позиции.
-Едната позиција беше да се гласа во рамките на Државната изборна комисија со консензус, нешто што за нас не е прифатливо. Тоа е позиција која некој ја поставува за да нема договор. Второ, политичката партија Левица излезе со барање за повеќе средства за кампањата, односно да има повеќе пари за рекламирање, како и да има една изборна единица, од СДСМ ги знаете барањата и така натаму. Нашиот став е јасен. Сакаат повеќе пари? Добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. За тоа сме согласни. Согласни сме и да има една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и на коалициските партнери на СДСМ. Немаме никаков проблем - изјави Мицкоски.
Но принципиелно, додаде тој, никој не одлучува со консензус, освен во еднопартиски систем.
-Во демократијата, мнозинството ја носи одлуката. Тоа е суштината на демократијата. Ние не сме консензуална држава, ниту еднопартиски систем, па сите одлуки да се носат со консензус. Тоа е едното. Второ, мораме да најдеме начин. Ние на маса го претставивме и нашиот предлог – да се гласа по пат на пошта, со писма, како што тоа е овозможено во неколку десетици земји-членки на Европската Унија. Значи, подготвени сме да прифатиме, се да прифатиме и една изборна единица, како и поголем буџет за оние партии што не се дел од четирите најголеми. Нека има, нека се рекламираат ако сметаат дека тоа им е важно, само да го донесеме Изборниот законик - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
