Мицкоски: Нема потреба од декларација за Илинден, ако е заштитен идентитетот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ја најавената декларација на СДСМ за Илинден, праша зошто има потреба од ваква декларација, ако е заштитен идентитетот.
- Зошто наеднаш после неколку месеци, се јави желба кај оние кои тврдат дека го заштитиле идентитетот на државата, а во суштина го уништиле, да предложат една ваква резолуција,рече Мицкоски од Битола, одговорајќи на новинарски прашања.
Посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ предложила да поднесе декларација за Гоце Делчев, од страна на СДСМ биле исмеани и игнорирани.
- Кога ние предложивме да донесеме декларација во парламетот за Гоце Делчев, тогаш од страна на СДСМ бевме исмејувани, од страна на СДСМ во тој период бевме игнорирани, одбивани и така натаму. И сега како наеднаш, после неколку месеци се јавува желбата на овие кои што тврдат дека го заштитиле идентитетот, а во суштина го уништиле и го распродале, да дадат една ваква декларација или резолуција, праша Мицкоски.
Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски викендот на прес-конференција најави дека ќе поднесат резолуција за Илиден во Собранието.
- Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, рече Каевски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
