Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
Прво реконструкција и изградба на здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово, па потоа ќе почне да се гради нов Клинички центар во Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека новиот Клинички центар, ќе биде дел од втората фаза на реализација на договорот со Обединетото Кралство.
„Треба да видиме врз основа на проектот којшто го имаме, колку легла ќе има, каков тип на опрема ќе биде вградени, но секако ќе биде барем за стотина 150 милиони евра поевтин од тој што претходно го промовираше претходната влада пред неколку години“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Додека се финализираат деталите за отпочнување на реализацијата на проекти во првата фаза од договорот со Обединетото Кралство, премиерот најави дека актуелниот Клинички центар ќе добие нов изглед.
„Во меѓувреме актуелниот клинички центар ќе се реновира и реконструира во рамките на можностите на Фондот и Министерството за здравство“, изјави премиерот.
Мицкоски вели во опција се неколку локации. Тој потсети и за прекинатиот договорот на претходната Влада за изградба на нов Клинички, поради кој во моментов сме на арбитража и за кој е се поочигледно е дека ќе плаќаме пенали на Италијанците.
Инаку, Алиу кој денеска седна во министеската фотелја, го очекуваат низа проблеми кои треба да ги реши. Од паркингот на Клинички, Онкологија, договорците на дело, позитивна листа до терапии за дијабетичарите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар