Мицкоски очекува позитивен исход од фудбалскиот натпревар Македонија-Белгија и пласман на Светско
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е убеден во позитивен исход од фудбалскиот натпревар Македонија Белгија и пласман на светско првенство.
Во одговор на новинарско прашање, дали ќе ја бодри Македонија или ќе има активности во рамки на предизборната капања, што се одвива во тој период, Мицкоски рече дека ќе го проследи натореварот меѓу паузите од митинзите.
- Македонија ја бодриме секогаш и ќе продолжиме да ја бодриме, затоа што ние иам е една држава. Една таковина имаме, тоа е Македонија. Во тој период секако кампањата ќе биде во полн ек, така што ќе се обидеме во паузата помеѓу митинзите да го проследиме натпреварот и убеден сум во храбра игра на македонските фудбалери, голема борба и убеден сум во позитивен исход и Македонија првпат на светско, рече Мицкоски, кој беше во посета на општина Јегуновце.
Прашан за евентуалната награда во случај на пласман на Светското првенство, рече дека Владата никогаш не ги заборавила постигнувањата и успесите на македонските спортисти без разлика во кој спорт тие се случуваат.
МИА
Ново на Сител
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
-
Трамп: Не знаев за израелскиот напад врз Катар