Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да биде во позитива и, како што рече, во споредба со минатото, резултатите се три-четирипати подобри. Во одговор на новинарско прашање дека СДСМ го обвинуваат оти нема задоволително темпо на раст на платите, Мицкоски рече дека во 2024 година растот на платите бил над 12 отсто, во 2025 е приближно 6 отсто, а истиот резултат го очекува и оваа година.
- Да, јас ги слушам изјавите на раководството на СДСМ. Честопати велам дека ние мораме да се споредуваме со нешто. Ние не можеме да работиме по чувство и најчесто треба да се споредуваме со успесите или неуспесите на претходната влада или на некои претходни влади. Ако се спореди тоа што го испорачуваа претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, каде што реалната нето-плата беше негативна, односно минус 2, и во 2024 и во 2025, а и во 2026 година, јас очекувам дека реалната нето-плата ќе биде во позитива - вели Мицкоски.
Забележа дека ова не е доволно и треба повеќе да се работи, но, како што рече, треба да се имаат предвид и обврските што ги имаат наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ, а кои до крајот на годината се речиси една милијарда евра.
- Во овие две години Влада, успеавме да сервисираме и да обезбедиме ликвидност за обврските што ги остави претходната влада од 4,6 милијарди евра. Тоа се навистина предизвикувачки бројки. Но, со домаќинска работа успеавме сето тоа да го сервисираме и така очекувам да продолжиме и во периодот што следува. Такви ќе бидат и 2027 и 2028 година. Секоја година имаме по една еврообврзница за враќање, камати што се трипати поголеми од оние пред 10 години - вели Мицкоски.
Тој додаде дека резултатите се неспоредливи, односно разликата е три, четири, петпати во одредени области во споредба со перформансите на претходната влада.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
