Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата, денеска пред почетокот на партискиот конгрес во Кавадарци изјави дека очекува да бидат усвоени неколку стратешки документи на Конгресот и да продолжат да работат во интерес на граѓаните.
-Очекувам да бидат усвоени неколку стратешки документи меѓу кои и патоказот за годините што се пред нас, политиките и визијата што како партија и како Влада ќе ги застапуваме во годините што следат. Очекувам славенички амбиент после историската и голема победа на локалните избори и во тој дух очекувам да продолжиме да функционираме и да работиме и понатаму. Наш главен мотив и инспирација се интересите на граѓаните, така беше досега, така ќе биде и отсега, рече Мицкоски.
Осумнаесетиот конгрес, како што рече, е можеби најголемиот по број на посетители и делегати кој што досега бил одржан во историјата на партијата.
МИА
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
