Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

Индустриското производство е позитивно и тоа е многу значајно, имајќи ги предвид состојбите во светот, но и во Европската Унија, која е наш најголем трговски партнер. Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и со растот на извозот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што оцени, ова се лоши вести за опозицијата која сака земјава да оди во минус, а не во плус.
- Сите индикатори укажуваат на тоа што ние уште на самиот почеток го велевме, дека треба трпение, дека мора полека да ги консолидираме работите и еве конечно, по речиси две и пол години, дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус. Дојдовме до точка нула, онаму од каде што би требало да почне некој што е на власт, и од сега очекувам само раст, но тоа не зависи секогаш само од нас, туку и од состојбие во светот. Се надевам дека за многу скоро од денеска ќе можеме да зборуваме за поинтензивен развој, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.
МИА
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
