Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.
Мицкоски посочи дека приоритет на Владата е да испорача што е можно повеќе проекти за граѓаните и да создаде подобри услови за живеење нагласувајќи дека актуелната Влада ги одглавува и ги завршува проектите што, како што рече, биле закочени со децении или одреден период.
- Оваа Влада ја добила довербата од граѓаните за мандат од четири години. Имаме такви планови и таква динамика на реализирање на ветувањата. Работиме на објекти што биле закочени со децении, кои биле закочени одреден период. Оваа Влада со посветена работа ги одглавува, ги откочува и ги испорачува на граѓаните. И тоа е наш приоритет, како да испорачаме што е можно повеќе за да имаме подобри услови за живеење. Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада - рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека Владата останува посветена на оваа динамика на работа додавајќи дека опозицијата во Собранието има можност да поднесе иницијатива за предвремени парламентарни избори.
- Така што, еве, ние остануваме посветени на тоа, а здружената опозиција - Левицата, Демократската унија за интеграција и СДСМ во парламентот - може да се соберат, да поднесат иницијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левицата и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
