Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати, рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот противкандидат од СДСМ со двојно повеќе гласови или над 1000 гласови разлика.
Оваа победа, вели тој, е резултат на концепт што постојано го градиме - скрмност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.
-Во другите општини изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Во целокупната политична слика е повеќе од јасна - со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДОМНЕ победи во вкупно 56 општини во Македонија, СДСМ во шест. Тоа не е случано тоа е јасен политички суд на граѓаните, рече Мицкоски.
Тој оцени дека денешниот изборен ден во четири општини каде имаше повторени локални избори поминал во демократска мирна и достоинствена атмосфера и оти и покрај тешките временски услови граѓаните го оствариле своето право на глас.
-Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици ова е вредност што мора да се чува и надградува без разлика на политичките разлики, рече Мицкоски на прес-конференцијата.
Во Маврово и Ростуше, покрај Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО - ДПМНЕ во трката за градоначалник беше и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
