Мицкоски: Правиме се за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата со сите можни алатки ќе го штити стандардот на граѓаните и ќе направи сè за да не се зголеми цената на електричната енергија и на парното и оти нема информации за најавите од Регулаторната комисија за енергетика.
-Не. Тоа е на Регулаторна комисија. Знаеме дека ние како Влада одлучуваме за цената којашто АД ЕСМ ќе ја поднесе на аукцијата и тендерот што ги има објавено ЕВН Хоум. Ние како Влада ќе дадеме се од себе да не се зголемува таа цена и со сите можни алатки ќе го штитиме стандардот на граѓаните иако цените на берзите е четири до пет пати поголема од таа која што АД ЕСМ ќе ја даде, но тука имаме изготвено еден иновативен бизнис модел кој што го разговараме со раководството на АД ЕСМ - рече Мицкоски, по одбележувањето на 80-годишнината од Домот за деца без родители „11 Октомври“
Премиерот најави дека во сабота ќе одржи колегиум со раководството на РЕК Битола.
-Оваа недела, во сабота, јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија. Работиме и остануваме држава со најниска цена на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси коишто се наш природен ресурс - изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
