Мицкоски: Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик

Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, и тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.
Во однос на тоа дали на владина седница ќе се најде прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за изјавите на коалицискиот партнер ЗНАМ за ова прашање, Мицкоски рече дека нема да има барање или решение со кое правосудниот испит ќе се полага на албански јазик како целина, туку решението што ќе биде доставено на владина седница содржи два дела.
- Во првиот дел се вели дека студентите ќе може делот поврзан со нивните додипломски студии, на јазик поинаков од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици - на албански, турски и на англиски, да го полагаат на јазикот на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудниот испот, каде што се симулира судски процес од дел од кривична или граѓанска постапка, ќе се полага франка лингва - на македонски јазик - рече Мицкоски.
Со тоа, повтори премиерот, уште еднаш се потврдува ставот дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, бидеќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
