Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24 вчера истакна дека Владата нема никаков проблем со употребата на јазиците, но посочи дека во однос на барањата за полагање на правосудниот испит на албански јазик, треба да се земе предвид мислењето на Венецијанската комисија, која бара напуштање на билингвалност во правосудниот систем, но и да се внимава на видовите на правните акти, со оглед на тоа што Законот за јазици е lex generalis, а Законот за полагање на правосуден испит е lex specialis.
- Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20 отсто, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој закон, но еве со Законот за употреба на јазици. Јас разговарав со студентите и тие велат дека во Законот за употреба на јазиците, треба во рок од една година да се хармонизираат сите закони. Ако тоа не се направи, тогаш автоматски се смета дека законите се хармонизирани. Сега доаѓаме до дилемата. Законот за јазици е генерален закон, или во правото lex generalis. Законот за полагање на правосуден испит е специјален закон или lex specialis. Не може по автоматизам со lex generalis, да натсинхронизирате lex specialis - истакна премиерот Христијан Мицкоски запрашан за барањата правосудниот испит да се полага на албански јазик.
Тој посочи дека вториот проблем е тоа оние кои го носеле Законот за јазици ги излажале Албанците.
- Вториот проблем е тоа што господата што го носеа Законот за јазици, ги излажаа Албанците и овие деца што сега протестираат. Зошто ги излажаа? Затоа што јасно стои во мислењето на Венецијанската комисија, вика да се напушти билингвалност во правосудниот систем - рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека Владата претходно покажала дека нема проблем со употребата на јазиците и во делот на социјалната нега на децата се овозможи воспитувачки да полагаат на својот мајчин албански јазик.
- Тие што ќе полагаат, утре ќе бидат судии и обвинители. Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме? Затоа ние формиравме една работна група во рамките на Владата, која работи и анализира дали може законски и уставно полагањето на правосудниот испит да го одвоиме од судењето во рамките на правосудниот систем на државата. Доколку успееме да најдеме методологија и начин, со кој ќе се обезбеди еднаквост на сите кои го полагаат правосудниот испит, а воедно да немаме различни толкувања на судски пресуди поради билингвалност, односно ако прифатиме дека македонскиот е јазик кој ќе преовлада во правосудниот систем, тогаш мислам дека многу скоро од денес ќе најдеме решение. Но повторно ќе кажам, ова е наследен проблем од истите оние кои беа 20 години влада и не успеаја да најдат начин како да го решат - нагласи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
