Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

По половина година интензивна работа граѓаните на Виница конечно добија нов затворен градски пазар лоциран на површина од 1810 квадратни метри со дукаќни за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 тезги. За негова изградба беа потрошени 24 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Виница.
Покрај тоа извршено е и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар за што се потрошени 8,5 милиони денари од кои 7 милиони се обезбедениод Министерството за транспорт. На пуштањето во употреба присствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски.
-Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на колегите од Владата, на пратеничката којашто е од тука од Виница којшто со својата секојдневна работа и залагање допринесуваат за проект повеќе за Виница, но и за околината, бидејќи тоа е многу значајно на тој начин да се развива целиот овој регион и Општина Виница, изјави премиерот Мицкоски по пуштањето во употреба на пазарот.
Тој од Виница најави уште еден значаен проект којшто конечно започнува со реализација, а тоа, како што кажа, е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево
-Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија на пред проектно решение практично со што отпочнуваме со реализација на овој проект, тоа е отприлика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот жолт фидик на овој проект којшто ќе биде многу значаен којшто е ветуван со години, но еве дојде редот и да се реализира, рече Мицкоски.
Уште една работа којашто мислам дека полека ја завршуваме бидејќи временски мора да се завршат тие процеси, посочи, а тоа е конечно собравме од светски реномирани финансиски институции понуди за финансирање на проектот на клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип.
-Следната недела има состанок со министерката за финансии, а потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да почне да се движи, бидејќи има некои законски норми коишто мораше да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти, од почеток, но и она коешто треба да биде продолжено.
-Ја користам уште еднаш оваа прилика да му честитам на градоначалникот и да му посакам и да продолжи понатаму, да не застанеме тука, добро е да сме успешни, но треба да бидеме уште поуспешни и понатаму, рече Мицкоки.
Вицепремиерот Николоки итакна дека отворањето на пазарот е доказ дека градоначалникот на Виница Митко Котадинов ги реализира работите кои што ги ветил, а како што рече, о поддршката од Владата во ледниов период ќе продолжи со реализација на уште поголеми работи.
-Пкрај отворањето на пазарот и реконтрукцијата на главната улица во село Градец во тек е реконструкција на општински локален плат од Блатец до Детлово , заврпшена е рекоснтрукцијата на улица „Ванчо Прке“ во Виница, на кровот на админситративната зграда на општината, завршено е осветлувањето на просторот на градскиот парк и пред стадионот, .. рече Николоски.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
