Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница - село Челевец во Општина Демир Капија

Со целосната реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат село Корешница – село Челевец во Општина Демир Капија, успешно е завршена изградбата на современ, безбеден и функционален патен правец во должина од 1.180 метри и површина од 4.130 м², пишува на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
Со проектот, како што вели, е обезбедена квалитетна и трајна патна инфраструктура која значително го подобрува секојдневното движење и поврзаноста меѓу населените места.
-Реконструираниот пат овозможува побезбеден сообраќај, пократко време на патување и подобрен пристап за жителите, како и услови за економски и социјален развој на регионот. Со оваа инвестиција се надминува долгогодишниот инфраструктурен проблем и се создава уреден и сигурен патен правец за сите учесници во сообраќајот, појаснува премиерот Мицкоски.
Проектот е реализиран со инвестиција од 10.410.361 денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, и претставува уште еден конкретен пример за вложување во трајни инфраструктурни решенија.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
