Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

Решението е јасно и е на маса, изјави премиерот Христијан Мицкоски за новиот модел за субвенциониран студентски оброк, кој се очекува да се применува од новата академска година. Соопшти дека наскоро ќе биде креиран и претставен пред студентите и јавноста.
-Сега гледаме како да го операционализираме, заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и, се разбира, Министерството за образование и наука. Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овојпат е навистина нешто иновативно. Нешто што ќе им помогне на студентите да стекнат поголеми права, споредено со тоа што денеска го имаат, и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро, ќе ги поканиме студентите и медиумите и сето тоа ќе го презентираме во јавноста, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера соопшти дека веќе е формирана работна група што ќе работи на креирањето на софтверското решение и дека претставниците на студентите на првата средба биле задоволни од новиот модел што им го нуди Владата.
Таа појасни и како ќе функционира - студентите ќе имаат апликација на мобилниот телефон, со која ќе добијат 20 отсто попуст од вредноста на сумата за субвенциониран оброк за храната што ќе ја купат кај некој економски оператор. Но ќе имаат 20 отсто попуст и на тоа што ќе го купат со свои пари кај истиот оператор - продавница, пекарница, ресторан итн.
Владата ќе распише повик за да се пријават што е можно повеќе оператори за храна. Ќе бидат избрани тие што ќе ги исполнат условите, кои, рече Јаневска, нема да бидат најстроги, „но ќе бидат задоволителни за да биде безбедно и квалитетно тоа што го нудат“.
-Вчера имав средба со новиот претседател на релевантното студентско собрание на УКИМ и разговаравме на темата. Се договоривме - во овој момент ние ќе го исплаќаме редовно она што ни е законска обврска, 140 денари, а од нив ќе чекаме одговори. Студентите предложија уште еднаш да направат анкета, разговор, дискусија со поединечните студентски собранија на факултетите, да добијат од нив одговор дали го прифаќаат овој модел, потоа да ги сублимираат резултатите и да дојдат во Министерството да ни ги соопштат. Тоа ќе го почекаме. Во меѓувреме, јас ќе организирам уште една средба со сите претседатели на сите универзитети, студентски собранија, кои претходно веќе беа во тек со ова, за да видам какви се нивните одговори. Побарав тоа да биде написмено доставено до МОН за да немаме некакви разлики во иднина - изјави вчера Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
