Македонија
5. April 2026 - 13:31

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби

Владата разгледува неколку нови мерки кои би ги презела за амортизирање на последиците од кризата доколку за тоа има потреба и тие ќе бидат димензионирани согласно глобалните случувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Досега, рече, земјава е можеби единствена која покрај намалување на акцизите го намали и ДДВ-то за горивата.

- Во следна фаза разгледуваме неколку мерки кои што ќе бидат микро таргетирани, но тоа е веќе во следна фаза. Тие ќе бидат преземани во зависност од тоа како ќе се одвива кризата во Заливот и каква ќе биде состојбата во светот. Јас очекувам да заврши и во одреден период, потоа сè уште да се задржи кризата, па потоа постепено да се да се нормализираат работите, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашење.

Според информациите и податоците кои што ги добива, рече таму состојбите се сериозни, а енергетската инфраструктура во државите од Заливот е исто така сериозно оштетена, а некаде и уништена.

- Само за март штетите за земјите од Заливот се проценуваат помеѓу педесет и седумдесет милијарди долари, и тоа директни штети. Индиректните се мултиплицирани со фактор два, три па и повеќе, така што предизвици ќе има во периодот кој што следи. Ова е според Светската енергетска агенција можеби поголема криза по волумен од онаа од седмесетите години 1973 и и 1977-8 година, така што јас не очекувам дека ова бргу ќе се санира. И така треба да ја димензионираме нашата стратегија за понатаму. Затоа што сепак ние имаме и други обврски. Треба да вратиме две и пол милијарди евра стари обврзки годинава. Почнавме да го враќаме солидарниот данок. Тоа се педесетина милиони евра. Треба да се исплатат плати, редовно треба да се исплатат пензии, режиски трошоци, се останато треба тековно да се тече и настрана на тоа сега имаме директнисубвенции кои што доаѓаат од Буџетот. Состојбата е таква каква што е. Реков нема откажување, ќе се бориме и ќе победиме на крај, рече премиерот. 

Според него и замрзнувањето е сега можност на маржите е една од можните мерки. Да има замрзнување и одмрзнувањето да не се направи наеднаш, туку, како што рече, да има ефект на раздолжување, Разгледуваме многу мерки, то кои ќе бидат, рече Мицкоски, зависи од развојот на глобалните состојби.

Осврнувајќи се на мерките кои веќе се преземаат премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од други држави коишто досега интервенирале само во делот на акцизите, земјава го намалила и ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, со што, како што потенцира, можеби сме единствениот случај со ваква директна и робустна акција со којашто сите граѓани и сите бизниси имаат бенефит. 

 

МИА

Ново на Сител