Мицкоски: Со Алиу се познаваме и мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го добил и официјално предлогот на ВРЕДИ Азир Алиу да биде иден министер за здравство и дека деновиве ќе го достави до пратениците во Парламентот.
-Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.
За тоа дали власта сега ќе има бадентерово мнозинство во Собранието, Мицкоски рече дека, во зависност од потребата така ќе се креираат условите.
Прашан за коментар на неодамнешниот избор на апелациони судии, при што беше избрана сопругата на неговиот советник за надворешни работи Марковкси и сопругата на претседателот на Уставен суд, Мицкоски рече дека од тоа што тој е информиран постапката за избор на судии е отпочната пред три и пол години.
-Госпоѓата што прва ја споменавте, која што е сопруга на амбасадорот Марковски, кој е дел од мојот кабинет е прворангирана на тој список. За дополнителни коментари би Ве насочил кон Судскиот совет, тие да дадат одговор, бидејќи тие се тиа кои што ги бираат и тие се тие кои ги рангираат, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани