Македонија
12. October 2023 - 16:37

Мицкоски: Со или без лидерска изборите доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи

Власта и да не прифаќа лидерска, изборите доаѓаат за неколку месеци на кои ВМРО ДПМНЕ ќе издвoјува убедлива победа порача Мицкоски. Премиерот наместо да се крие кукавички, да  излезе да се соочи со волјата на граѓаните. Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ дека ниту тој не прифаќа лидерска, Мицкоски ги предупреди, лошата пракса која ја воспоставуваат, ќе им се удри од глава.

„Ако не прифаќаат лидерска средба, роковите ќе дојдат. Уставот и законите се немилосрдни. За неколку месеци од денеска почнуваме со кампања за претседателските избори што треба да се случат оваа пролет. Така што дали датумот ќе биде утврден со лидерска средба или по насилен пат во ред. Тоа е нивна одлука. Ние ценевме дека е државнички пристапот да седнеме како што сега било пракса повеќе од три децении да се утврдат датумите за да не влеземе потоа во еден вид политичка и уставна криза. Цениме дека како опозиција треба да бидеме државотворни и одговорни за иднината на Македонија“, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ .

На ДУИ не им пречи парламентарните и претседателски избори да се одржат истовремено, но тоа ќе биде во редовниот термин порача денеска потпретседателот на партијата Османи.

И албанскиот опозициски блок повика на  лидерска на која ќе се договорат изборите да се одржат истовремено пред се од економски причини. Премиерот Ковачевски е категорично против и останува на ставот дека приоритет  сега се уставните измени а не датуми за избори.