Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДСM и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

Луѓето во правосудството генерално се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, коишто се рецидив на поранешната влада на СДСМ и ДУИ и коишто жестоко се борат за тие коишто ги поддржале да добијат некаква бенефиција, позиција итн, изјави синоќа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во интервју Мицкоски зборуваше за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што, како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија.
Според него, постојат два клучни моменти кои што влијаеле на распадот на правдата, од кои првиот е изборот на судиите во Парламентот, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, а вториот се измените во Кривичниот законик што ги донесе владата на СДСМ и ДУИ.
- Првото е оној избор на судии во Парламентот, кога се бираа судиите во Парламентот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, мислам дека беше во 1996 година. И второто е сега, кога владата на СДСМ и ДУИ пред одење практично ги донесе измените во Кривичниот законик и кога избриша еден добар дел од членот 353, тој фамозен член 353, поради две причини, рече Мицкоски.
Првата, како што додаде, „е за да се амнестираат себеси и втората причина е, мислеа дека на тој начин ќе амнестираат некого, којшто ќе може во тоа време да нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ“.
- Успеаја во првиот дел од својата намера, во вториот дел не успеаја. ВМРО-ДПМНЕ денес е поголема од сите политички партии заедно, истакна Мицкоски.
Според него, сите оние од претходната влада на СДСМ и ДУИ секогаш ќе се повикуваат на поповолниот закон.
- Тие секогаш ќе се повикуваат на поповолниот за нив закон, а за нив поповолен закон е овој моменталниот, кога е избришан членот 353 став 5 кога други делови од Кривичниот законик се избришани. Секогаш ќе се повикуваат на тоа, без разлика ние од сега натаму каков закон ќе донесеме и од сега натаму какви измени ќе направиме. Сите оние од претходната влада кога ќе дојдат на судско рочиште ќе речат - се повикувам јас на законот што беше од тогаш до тогаш, бидејќи тоа е во тоа време. И тука е најголемиот проблем, посочи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
