Македонија
8. January 2026 - 16:25

Поплавени куќи и објекти во Охрид

Поплавени куќи, подруми и дворови, непроодни улици, заглавени автомобили под вода излеани реки ваква е сликата во Охрид по обилните врнежи од дожд. Дел од граѓанитеБожиќните празници ги поминаа будни справувајќи се со невремето. Кризниот штаб на итен состанок, преку мапирање на критичните точки ги интензивира теренските активности.

Екипите на општинските јавни претпријатија интензивно работат на терен на повеќе локации во Охрид за надминување на проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Од општина Охрид велат дека состојбата постојано се следи и апелираат граѓаните да избегнуваат движење низ ризични подрачја и навремено да пријавуваат критични состојби до надлежните служби.