Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има пензија под 15 илјади денари.
Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.
Не треба, нагласи premierot, да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150 илјади пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12 илјади денари.
-Од вкупно 330 илјади пензионери, 150 илјади беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7 илјади денари линеарно зголемување немаат пензија под 15 илјади денари, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока, истакна Мицкоски.
Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.
- Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23%, појасни Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести
-

Пораст на водостојот на Вардар и неколку реки, езерата со стабилно ниво
-

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило
-

Женско е првото новороденче во Струшката болница
-

Андреј Миневски својот олдтајмер го претвори во санка на Дедо Мраз и делеше пакетчиња на деца
-

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
-

Со 53 км/час удрил во велосипед кој поминувал на пешачки, обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука
-

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувана првата жртва, 17-годишен италијанец
