Мицкоски со писмо до меѓународната заедница: Попис во септември, локални избори во ноември
Попис да се одложи во октомври, а локални избори во првата половина на ноември. Ова е предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски двата клучни политички настани што претстојат на државата, а во контекст на влошената епидемиолошка слика со коронавирусот.
Предлогот, Мицкоски го дал во писмо што го испратил деновиве до меѓународниот фактор во земјава и тоа како што вели додека лежи во Инфективната клиника со тешки симптоми на Ковид и висока температура.
„Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември“ стои во писмото на Мицкоски како дел од решението.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека постои потреба од кредибилен попис, но и дека без политички консензус единствена солуција која останува е одлагање.
„ Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде КОВИД кластери“.
Од власта велат дека во ситуација на пандемија битно е при статистичката операција да се почитуваат протоколите. Одложување нема.
Освен пописот, меѓу власта и опозицијата се отворени и други прашања. Тука е нефункцоиналноста на Собранието поради немање кворум и заболени пратеници, блокадата од Алијанса и Алтернатива за нивниот закон за државјанство, како и прекинатите преговори за Изборниот законик околу финегерпринтовите. Се ова ја отвара можноста и за лидерска средба. Координаторите на пратеничките групи не ја исклучуваат средбата, но велат дека треба да има дијалог и внатре во парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
