Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Њујорк оствари повеќе билатерални средби со високи претставници, на кои беа разменети мислења за европската перспектива на земјата, регионалната соработка, безбедноста и за актуелните глобални предизвици.
Како што соопштија од Владата, премиерот Мицкоски во текот на вчерашниот ден остварил средба со претседателот на Република Финска, Александар Стуб, со кого разговарале за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка. На средбата, се додава, била истакната и важноста од заеднички напори за градење стабилна и безбедна Европа.
Фокус на билатералната средба со премиерот на Република Косово, Аљбин Курти, било унапредувањето на добрососедските односи, продлабочувањето на регионалната соработка, како и заедничките предизвици и можности за развој на двете држави.
- Претседателот Мицкоски остварил билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, на која беа разменети мислења за европската перспектива на Македонија, продолжувањето на реформските процеси во согласност со европските стандарди, унапредувањето на добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка - стои во соопштението.
Премиерот Мицкоски исто така остварил средба и со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на која биле разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион.
Средбите во Њујорк ја потврдуваат определбата на Македонија за активна и конструктивна улога во меѓународната заедница, зајакнување на партнерствата и продлабочување на соработката со европските и регионалните партнери.
Македонија останува посветена на реформите, европската интеграција, добрососедските односи и градењето стабилен, безбеден и просперитетен регион, наведуваат од владината прес-служба.
МИА
Ново на Сител
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
