Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. Таа е вистината, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Ние, додава, континуирано одговараме, јас како најповикан - претседател на Влада, МВР, МНРиНТ и уште пред неколку дена кажавме дека не се водени такви разговори.
- Во ред, сега СДСМ одлучиле нивните пи-ар експерти и рекле сега оваа тема ќе ја тераме со недели, а во суштина тие се тие кои изработиле национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 и тие се тие кои барале од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски капови. Таа е вистината. Ние сега сакаме да ја натсинхронизираме таа вистина и да кажеме дека такво нешто на оваа Влада не и паќа на памет, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на реконструирана полициска станица во Бутел, во врска со резолуцијата што денеска ја најавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека наскоро ќе дојде феверуари, па март, и ќе нема мигранти, потоа ќе дојде јуни и тогаш ќе нема мигранти и праша каков ќе биде одговорот на тоа од тие пи-ар експерти кои ги учат во СДСМ.
- Затоа велам мора тука и обвинителството да се позанимава со оваа тема затоа што во Кривичниот законик ова е еден вид насилство, создавање паника, немир кај граѓаните. Затоа што ако еднаш, двапати, трипати демантиратме и вие континуирано продолжите со оваа тема имате намера и тенденција да создадете несигурност паника и страв кај граѓаните и мора кривично да одговарате за тоа. Еве ќе дојде март нема да има мигранти прифатени као резултат на договор со Велика Британија или било каков друг договор. Ќе дојде и јуни ќе нема мигранти, ќе нема мигрантски кампови и тогаш под 100 илјади гласови ќе бидат од СДСМ и ќе станат маргинална партија, ако тоа им е целта нека продолжат, рече Мицкоски.
За тоа какви се односите со ЗНАМ премиерот истакна оти се одлични.
- Во рамки на Владата функционираме би рекол стабилно и очекувам така да продолжиме и во иднина, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
